Насловна / Арт и дизајн / Во Солун уличниот мебел го прават граѓаните и нивниот пластичен отпад (видео)

Во Солун уличниот мебел го прават граѓаните и нивниот пластичен отпад (видео)

По Амстердам, проектот Print Your City на The New Raw се случува во Грција за активно вклучување на заедницата во процесот на рециклирање на пластиката.

1
“Пластиката има дефект: трае вечно, но честопати ја користиме само еднаш, а потоа ја фрламе”, велат Panos Sakkas и Foteini Setaki, основачи на The New Raw за ја го претстават генезата на својот последен проект Zero Waste Lab.

2
По првиот помал експеримент презентиран во Амстердам, оваа година во Солун, Грција – нивната татковина, The New Raw и овозможи на заедницата роботска рака способна да го трансформира пластичниот отпад во наменски уличен мебел. Преку проектот Zero Waste Lab, секој граѓанин може да научи за процесот на рециклирање пластика, кружната економија и да дизајнира нови парчиња мебел за своите населби. Тоа е проект кој се занимава со локалното и истовремено со глобалното.

3

4

5
Заедно со останати иницијативи, Zero Waste Lab е дел од еден поширок, долгорочен проект: Print Your City, каде што двајцата грчки дизајнери со седиште во Холандија се обидуваат да експериментираат со сите можни алтернативи за користење на пластика во долготрајни апликации со висока вредност.

6

7

8

9
Print Your City е тековен проект за истражување и дизајн, инициран од The New Raw. Граѓаните можат да го донесат својот пластичен отпад, да дизајнираат сопствен градски мебел и активно да бидат вклучени во процесот на рециклирање.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top