Насловна / Архитектура / Во Софија ќе се гради хотел од контејнери

Во Софија ќе се гради хотел од контејнери

Hotel od kontejneri vo Sofija

Во Софија ќе се гради несекојдневен хотел. Имено, група бугарски архитекти и дизајнери најавија иновативен проект за изградба на хотел од контејнери кои се користат во прекуокеански транспорт.

Hotel od kontejneri vo Sofija2

Иако сè уште не е прецизирана конкретната локација и инвеститорот, дизајнирањето на овој амбициозен проект е во процедура и се најавува негова изградба до крајот на годината.

Hotel od kontejneri vo Sofija1

Првиот хотел изграден од контејнери во Софија се очекува да биде на девет ката, а како предност се посочува издржливоста, безбедноста и економичноста на проектот. Во светот, овој начин на изградба на хотели, студентски домови или ресторани, веќе не е изненадување.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top