Насловна / Вести / Фуџи, највисоката планина во Јапонија, наскоро добива Wi-Fi

Фуџи, највисоката планина во Јапонија, наскоро добива Wi-Fi

фуџи ви фи (2)

Наскоро ќе биде многу полесно да се испрати „селфи“ од планината Фуџи, највисокиот врв во Јапонија. Властите во локалната област одлучија да се инсталира бесплатен Wi-Fi за сите планинари и на тој начин да се поттикне развојот на туризмот на оваа култна планина.

Фуџи е еден од најпрепознатливите симболи на Јапонија. Името Фуџи значи „вечен живот“. Последната ерупција на вулканот на оваа планина е забележана уште во 1707 година. Фуџи е, исто така, „света планина“ на оригиналната јапонска религија – шинтоизам, и има големо симболично значење за Јапонците, од кои многумина одат на аџилак во светилиштето на врвот.

фуџи ви фи

Програмата е специјално дизајнирана за планинарите од Европа и САД и тие наскоро ќе бидат во можност да испраќаат меилови и да објавуваат фотографии на Инстаграм директно од 3.776 метри надморска височина.

Ќе бидат поставени осум Wi-Fi „хот спотови“, пишува локалниот весник „Асахи Шимбун“.

Бројот на странски посетители се зголемува, па така, на пример, само минатата година, оваа планина била посетена од 40.000 до 50.000 туристи.

Wi-Fi врската, која не е само за рекламни цели, исто така, ќе им овозможи на планинарите да добиваат навремени информации за времето, но и други податоци кои ќе ја подобрат нивната безбедност за време на нивниот престој на планината.

Испрати коментар

Scroll To Top