
Во словенечкото место Словенске Коњице е изградена куќа со фасада од метал, која соврешено се вклопува во разноликата и бујна топографија во нејзиното опкружување, благодарение на инвентивните пруги со кои е прошарана нејзината надворешност.

Иако изгледа како да има прост дизајн, фасадата на куќата „Скејплаб“ е изработена со специјална техника со чија помош се намалува загревањето во текот на летото, а од друга страна, се акумулира поголема сончева топлина во зимскиот период.

Металните плочи на фасадата се споени со дрво околу прозорците и влезната врата, идеја која ја примениле архитектите за да обезбедат нејзино вклопување во околниот амбиент.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија