Насловна / Вести / Во Штип почна да се гради првиот CITY MALL!

Во Штип почна да се гради првиот CITY MALL!

Во Штип е означен стартот на активностите за изградба на првиот Stip city mall, кој е по примерот на светските метрополи, а кој ќе значи многу не само за Штип туку и за источна Македонија.
Објектот е планиран да содржи три катни висини над нивото на теренот и една покривна спратна целина roof top. Објектот ќе претставува модерен хотелски-трговски комплекс со сите пропратни содржини и функции (трговски центар, хотел, ресторан и казино) кои се неопходни за еден современ урбан хотелски комплекс.
Штипскиот сити мол е лоциран на самиот влез на градот, во голем отворен простор, опкружен со зеленило, пешачка патека и во непосредна близина на реката Брегалница, во чиста еколошка зона.

Stip City Mall 6

Концепцијата на проектот е така проектирана при што тој е поделен на три функционални делови/ ламели кои визуелно ќе претставуваат една целина и во целост ги опфаќаат сите намени на еден модерен трговски-хотелски комплекс. Главната ламела претставува трговски центар “Stip City Mall” со површина од над 4.560 квадратни метри, поделена на три спратни нивоа по 1520 квадратни метри. Втората ламела претставува хотел со влезно фоаје, ресторантски дел на првиот кат со кујна и сите пропратни содржини, на вториот кат. Во оваа ламела ќе има 14 двокреветни соби, пет апартмани, бројот на истите хотелски единици се повторува на третиот и четвртиот кат. Вкупниот број на хотелски единици изнесува 42 двокреветни соби и 15 апартмани. Во подрумскиот дел од оваа ламела се наоѓа сопствен паркинг простор како и технички/сервисни простории за инсталации.

Stip City Mall 1
Инвеститор на целокупниот проект е познатиот штипски бизнисмен Горан Јордев кој е еден од косопствениците од најголемата дрвопреработувачка компанија ДИК ФАГУС – Пехчево. Изградбата на целокупниот проект и негово пуштање во употреба е предвидено да заврши во 2022 година.
“Oвој објект ќе промени многу нешта за Штип и регионот. Ќе се обидеме да направиме нешто уникатно за Штип, со што градот но и истокот ќе се гордеат. Работиме темелно, посветено и ова е само почеток на многу проекти кои ќе ја променат сликата за Штип“, кажа инвеститорот Јордев за „Порта 3“.
Инаку, автор на идејното решение за Штип сити мол е дипломираниот инжинер-архитект Александар Василев, од друштвото за градежништво, архитектура, проектирање, инженеринг и дизајн „СТУДИО АТРИУМ“ од Штип кое е основано во 2002 година.

Повеќе за проектот во септемвриското издание на Порта 3.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top