Насловна / Вести / Во Остин се гради најголемата населба на светот направена со 3D печатење

Во Остин се гради најголемата населба на светот направена со 3D печатење

3D печатачите се многу практични и применливи во различни сфери, а сега оваа технологија се користи и во еден многу голем проект во градежништвото. Станува збор за населба од 100 куќи во Остин, Тексас која во целост се гради со оваа технологија. Амбициозниот проект се реализира во соработка со Lennar Group која гради домови во САД од 1954 година, како и со ICON компанијата, која се занимава со технологии за градење. ICON е познат и по тоа што има изградено цела улица куќи во Тексас со 3D печатење, како и објектот Mars Dune Alpha, наменет за симулација на условите на живот на Марс. За изградба, ICON го користи материјалот  Lavacrete, како и роботскиот систем за печатење, кој печати 254 mm во секунда, што резултира во брза изградба. Сите куќи во улицата во Тексас се направени за седум дена.

ostin1

ostin2

Во САД во моментот недостасуваат пет милиони нови домови, кои благодарение на новата технологија можат да се направат за кратко време без загрозување на квалитетот и одржливоста. Населбата планирана во Остин е проект на реномираната BIG-Bjarke Ingels Grоup. Иако се користат некои конвенционални градежни материјали, печатените домови се енергетски ефикасни, а освен што се градат побрзо од стандардните, создаваат и помалку отпад. Куќите на ICON можат да издржат екстремни временски прилики и може да траат и подолго од конвенционалните. Населбата во Oстин е планирана за 2022 година, а куќите ќе имаат фотоволтаични покриви.

ostin3

ostin4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top