Насловна / Арт и дизајн / Во Музејот на град Скопје изложба на еден од добитниците на наградата „Борко Лазески“

Во Музејот на град Скопје изложба на еден од добитниците на наградата „Борко Лазески“

Музејот на град Скопје Ве поканува на отворањето на изложбата на еден од добитниците на наградата „Борко Лазески“ за 2020 година.

Отворање: денес, петок 04. 12. 2020 година во 12: 00 часот (Галерија Љубомир Белогаски)

Во договор со семејствота на Борко Лазески (кое на Музејот на град Скопје му ги подари картоните од овој уметник употребени за реализација на големата „Фреска за НОБ“ реализирана во аулата на Старата железничка станица во Скопје во 1958.) Музејот на град Скопје прифати секоја година да организира самостојна изложба на студент од Факултетот за ликовни уметности од Скопје кој во претходната учебна година ја освоил наградата „Борко Лазески“ за инвентивни достигнувања во сликарскиот оддел. Овојпат тоа се Владимир Здравески и Марија Трајаноска.

Последователно, после одржувањето на изложбата на Здравески сега својата изложба ја реализираТрајаноска.

Младата Марија Трајаноска се претставува со дваесетина дела во кои е забележливо присуството на односот кон претставата кое можеби најдобро можеме да го одредиме со терминот „женско писмо“. Тоа е некој јазичен модел кој веројатно го изразува нејзиниот интимен свет како кон насоката на доживувањето на светот такаи кон начинот на реализацијата на тоа доживување.

Изложбата ќе се одржи согласно сите протоколи за заштита од Ковид 19.

PicsArt_11-22-10.12.30

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top