Насловна / Вести / Европска недела на водородот: ЕУ промовира иновации и нуди финансирање

Европска недела на водородот: ЕУ промовира иновации и нуди финансирање

После формирањето на Европскиот сојуз за чист воздух во јули,  во периодот од 23 до 27.11.2020 година, се одржа Европската недела на водородот. Организирана од страна на јавно – приватното партнерство за горивни ќелии и водород FCH JU и Европската комисија, a со цел да се соберат главните актери и да поттикнат решенија за водород од обновливи извори, што ќе придонесе за енергетската транзиција. Низата онлајн настани беа посветени на улогата на ова гориво во постигнувањето на целите на Европската унија до 2050 година, за постигнување на нулта емисија на гасови со ефект на стаклена градина. Зелениот водород се произведува со електролиза на водата со помош на енергија од обновливи извори, и затоа нема емисија на гасови со ефект на стаклена градина, за разлика од синиот и сивиот водород, кај кои се користат фосилни горива. Во ЕУ сеуште се кршат копјата околу тоа дали синиот водород кој се добива од природен гас, би требало да се прифати во склопот на Европскиот зелен договор како транзициско гориво.

Европската недела на водородот вклучи и доделување на признанија, па проектот  Mama-Mea е прогласен за најдобра иновација. Everywh2ere е препознат како шампион за работа нa терен, откако технолошките решенија за водород ги направи достапни за музичката индустрија, големите филмски фестивали, градилиштата и сл.Horizon 2020 во септември објави повик за иновации вреден 186 милиони евра, а меѓу задачите се зелени аеродроми и пристаништа како мултимодални јазли за одржлива и паметна мобилност.

EHW1

ehw2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top