Насловна / Вести / Во московското метро, наскоро плаќање со техника за препознавање лица

Во московското метро, наскоро плаќање со техника за препознавање лица

Московското метро организираше демонстрација на начините на плаќање преку препознавање лица пред официјално да започне овој систем на 15. октомври, во најновиот пример за брзиот развој на оваа технологија во Русија.

мос_resize

„Патниците не мора со себе да имаат ниту телефон, ниту картичка за метро или каква било картичка. Треба само да ги стават своите информации, слика и банкарски податоци во апликацијата”, изјави заменичката на прес градската сообраќајна служба, Ана Лапушкина.

Во московското метро, ​​меѓу најфреквентните во Европа, плаќањето со препознавање лице ќе овозможи да се намали времето на чекање, бидејќи е „три пати побрзо“ од традиционалните методи, рече Лапушкина на прес конференција.

mosss_resize

Услугата, тестирана од доброволци и вработени во метрото, ќе биде достапна за сите од 15. октомври на 241 станица на оваа огромна метро мрежа отворена во 1930 -тите години.

Прес службата наведе и дека системот ќе работи со маски, кои се уште се задолжителни во јавниот превоз и дека е доволно половина од лицето да биде видливо.

Поминувањето ќе биде отворено само за вистински особи, а не пред фотографии.

mos_resize

И понатаму ќе бидат достапни други начини на плаќање билет.

Технологијата за препознавање лица брзо се развива во Русија. Од почетокот на пандемијата, оваа технологија користена е во Москва, со нејзините десетици илјади камери за надзор, поради контрола на почитувањето на мерките за затворање и карантини.

Во март, првата група за дистрибција во земјата Х5, објави дека се започнува со овој вид плаќање во продавници.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top