Насловна / Вести / Во Лондон се отвора меморијален музеј-стан на Џими Хендрикс

Во Лондон се отвора меморијален музеј-стан на Џими Хендрикс

muzej na hendriks (2)

Лондонскиот стан на Џими Хендрикс на почетокот на следната година ќе биде отворен како музеј-стан. Бидејќи во него до сега редовно се одржуваат разни изложби, ова е логично продолжение на одличната иницијатива.

Како што пишува музичката историја на рокенролот, зградата во областа Mayfair, поточно на улицата Brook Street 23, веднаш го освоила славниот музичар Џими Хендрикс кој се преселил во неа во јули 1968 година.muzej na hendriks

Всушност, неколку векови пред да Хендрикс живее во оваа зграда, живеел уште еден музички гениј – Георг Фридрих Хендл, чиј стан во 2001 година бил претворен во меморијален музеј-стан.muzej na hendriks (3)

На 10 февруари следната година, станот на Хендрикс официјално станува музеј каде што ќе бидат изложени досега невидени фотографии, потоа студиото на Хендрикс и бројни лични предмети, а билетите за посета на овој иден музеј веќе се пуштени во продажба. Иако Хендрикс не живеел долго во станот, го спомнуваат како „единствениот негов вистински дом“.

Испрати коментар

Scroll To Top