Насловна / Арт и дизајн / Луксузна јахта како подвижен остров

Луксузна јахта како подвижен остров

jahta ostrov

Кога станува збор за луксуз, всушност не постои граница, доволна е само имагинацијата. Наутиката е една од областите каде што богатите луѓе можат да ја пуштат својата имагинација во реализација и да доживеат сосема нови и оригинални работи.

jahta ostrov (8)

Од друга страна, потребата за престиж и екстра пари ги условиле и компаниите специјализирани да креираат совршени јахти со неверојатни содржини. Така, британската компанија Yacht Island Design Ltd со седиште во Лондон, го претстави концептот на совршена луксузна јахта – комбинација на вистински тропски остров и луксуз кој една јахта може да го понуди.

jahta ostrov (7)

Оваа неверојатна јахта го има сето она што некои луѓе отсекогаш го сонувале – сопствен водопад, вулкан како и магично езеро спакувани во симулација на напуштен остров создаден само за уживање.jahta ostrov (6)

Покрај крошни од палми, на оваа луксузна јахта може да се најде и сопствена плажа, совршена за релаксација и спортови на вода. Што се однесува до ентериерот, јахта поседува голем театар, соба за релаксација и играње, библиотека, сала за вежбање, ресторан и многу други погодности за патниците.jahta ostrov (5) jahta ostrov (4) jahta ostrov (3) jahta ostrov (2)

Фото: Yacht Island Design

Испрати коментар

Scroll To Top