Насловна / Вести / Погледнете во „сефот“ на Арктикот во кој се чува иднината на Земјата

Погледнете во „сефот“ на Арктикот во кој се чува иднината на Земјата

Bunker za cuvanje seminja

На Арктикот се чуваат големи количини различни семиња, за случај на огромни природни катастрофи со цел да се спасат растителните видови на нашата планета. Влезот на овој „сеф“ направен е од бетон, а во него се складирани 837.931 примероци од семиња на температура од -18 0C. Ова засолниште е направено во регионот кој се вика Свалбард, и се наоѓа помеѓу Норвешка и Северениот Пол.

Bunker za cuvanje seminja2

„Засолништето е направено за да може човештвото да преживее катаклизма и да се одржи човечкиот род. Тоа е свето место, на кое ќе застанете и добро ќе размислите“, вели Мајкл Кох, еден од луѓето задолжени за одржување и функционирање на овој објект. Семињата ко овде се чуваат доаѓаат од сите краишта на светот, па дури и од изолираната Северна Кореја.

Bunker za cuvanje seminja1

На долната адреса имате и видео од внатрешноста на засолништето.

http://edition.cnn.com/videos/world/2015/10/21/inside-global-seed-storage-vault-in-norway-damon-pkg-wrn.cnn

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top