Насловна / Вести / Во Кина е отворена најголемата светска електрана која комбинира солар и ветер

Во Кина е отворена најголемата светска електрана која комбинира солар и ветер

Најголемата хибридна електрана составена од ветерни турбини и фотоволтаици, сега е во функција на северозападот на Кина. Проектот с есостои од ветерен парк со инсталирана моќност од 4,5 GW и соларна електрана со капацитет од  1,5 GW, што претставува нова пресвртница за светскиот сектор на обновливи извори на енергија. Исто така, означува уште едно рекордно постигнување за кинеската компанија Envision Group.

Со вкупен капацитет од 6 GW, хибридниот комплекс годишно би требало да произведува повеќе од 12 TWh зелена електрична енергија, која се испорачува по пат на ултрависоконапонски водови низ индустриските региони на источниот брег на Кина. Компанијата Envision Group појаснува дека проектот бил сложен поради комплицираниот терен со долини и пустински гребени, со ограничена временска рамка за изведба на работите.

 

Испрати коментар

Scroll To Top