Насловна / Вести / Пристапот до природата не е еднаков за сите во Европа: Градовите не го исполнуваат правилото „3-30-300“

Пристапот до природата не е еднаков за сите во Европа: Градовите не го исполнуваат правилото „3-30-300“

Богатите Европјани имаат значително почесто имаат пристап до природата отколку жителите со пониски приходи, покажало ново истражување што ги мапира зелените површини во градовите.

Помалку од 15 отсто од луѓето што живеат во 862 анализирани градови имаат соодветен пристап до дрвја, сенка и зелени површини, откриле истражувачите од Европската комисија и Универзитетот во Копенхаген.

Според студија објавена во научното списание „Nature Communications“, јасно е видлив изразен „зелен јаз“ во урбаните средини ширум Европа, што дополнително ги нагласува економските разлики.

Истражувањата покажуваат дека климатските промени и нарушените екосистеми го зголемуваат интензитетот на топлотните бранови во градовите, додека загадувањето на воздухот и бучавата продолжуваат да бидат сериозен проблем на континентот. Од друга страна, зголемувањето на бројот на дрвја и зелени површини би можело значително да ги ублажи овие притисоци.

Европа, меѓутоа, сè уште е далеку од целосна имплементација на таканаречениот принцип „3-30-300“, едно од основните правила на урбанистичкото планирање. Според тој модел, секое лице треба да види најмалку три пораснати дрвја од својот дом, крошните треба да покриваат 30 отсто од населбата, а сите граѓани треба да живеат на максимум 300 метри од зелена површина како што е парк, шума или јавна градина.

Истражувањето покажува и дека луѓето со повисоки приходи почесто живеат во делови од градовите со значително подобар пристап до природата во споредба со домаќинствата со пониски приходи. Исто така, градовите во побогатиот северозападен дел од Европа имаат двојно поголема веројатност да ги исполнат стандардите „3-30-300“ во споредба со градовите во јужна и источна Европа.

Жителите на Хелсинки, Минхен и Краков имаат значително подобар пристап до зелени површини од граѓаните на јужните градови како што се Атина, Перпињан или Кордоба.

Според законодавството на Европската Унија, земјите членки треба да спречат нето намалување на урбаните зелени површини и покриеноста со крошни дрвја до 2030 година, а потоа постепено да го зголемуваат нивниот обем во градовите.

Испрати коментар

Scroll To Top