Насловна / Вести / Во Јапонија започна со работа втората во светот осмотска електрана

Во Јапонија започна со работа втората во светот осмотска електрана

Во Јапонија започна со работа првата осмотска електрана во оваа земја, што воедно е второ вакво решение на светско ниво. За производство на електрична енергија се користи природниот процес на осмоза. Првата постројка во светот со ваква технологија, која работи од 2023 година се наоѓа во Данска.

Со осмотската електрана во Јапонија управува Агенцијата за водовод на округот Фукуока. Агенцијата проценува дека постројката годишно ќе произведува 880.000kWh електрична енергија. Енергијата ќе се користи за напојување на локалната постројка за десанилизација, обезбедувајќи одржлив извор на енергија за снабдување со вода во регионот. Електраната ја користи разликата во салинитетот помеѓу солената и слатката вода за производство на енергија. Оваа разлика овозможува водата да се движи преку полупропустлива мембрана. Мембраната ги пропушта само молекулите на водата.

 

Освен споменатите две осмотски електрани, пилот проекти и прототипови се инсталирани во Норвешка, Јужна Кореја, Австралија, Шпанија и Катар.

Испрати коментар

Scroll To Top