Насловна / Вести / Во Индија урнати нелегални облакодери високи 103 метри, исчезнаа за 10 секунди (ВИДЕО)

Во Индија урнати нелегални облакодери високи 103 метри, исчезнаа за 10 секунди (ВИДЕО)

По наредба на индиските власти, два нелегално изградени облакодери се урнати за помалку од десет секунди во близина на главниот град Њу Делхи, пренесуваат тамошните медиуми.

Висококатниците, високи 103 метри со 850 ненаселени станови се урнати по детонацијата на стратешки поставен експлозив, пренесува Ројтерс.

Локалните власти изјавија дека за уривањето биле употребени повеќе од 3.700 килограми експлозив.

Некои згради во близина прекриени се со бела пластична обвивка за да се заштитат од отпадот кој лета за време на уривањето.

За операцијата на уривање биле ангажирани десетици полицајци и друг персонал.

На илјадници луѓе претходно им е наредено десет часа да ги напуштат своите станови на периферијата на индиската престолнина.

инд_resize

Минатата година, Врховниот суд на Индија наложил рушење на овие облакодери во општината Ноида, откако по долготрајната правна битка е утврдено дека градежните прописи и нормите за заштита од пожари биле повеќекратно прекршени.

Уривањето згради во Индија е реткост, и покрај тоа што дивоградбата е широко распространета, пренесува британската агенција.

Испрати коментар

Scroll To Top