Насловна / Арт и дизајн / Во Холандија ретко може да се видат завеси на прозорците

Во Холандија ретко може да се видат завеси на прозорците

Холанѓаните се познати како многу пријателски настроен народ, а здравјето, безбедноста и општото задоволство се приоритетите што се следат во оваа земја. Исто така, нивната култура е опишана како исклучително либерална и отворена, а табу темите се непознати.

zavesi

Ако некогаш сте ја посетиле земјата на лалињата и ветерниците, сигурно сте ја почувствувале опишаната атмосфера, како и доживеале дека нејзините жители немаат проблем да ја споделат својата приватност. Еден од показателите за горенаведеното е невообичаен – во Холандија ретко ќе видите завеси на прозорец!

Холандската архитектура и станбените згради обично се првата причина за воодушевување на посетителите. Сите згради се визуелно слични, многу тесни и високи, а доминантни материјали се тулата и дрвото. Некогаш државата ја оданочувала градбата во широчина, а Холанѓаните се снаоѓале, па почнале да ја градат својата недвижност во висина за да плаќаат помалку даноци.

zavesi1

Така, на пример, додека шетате по каналите на Амстердам, ќе шетате и по тесни, високи, поврзани куќи со најмногу пет ката и три тесни прозорци по кат. И има уште една интересна работа – тешко дека воопшто ќе видите завеси на тие прозорци. Еве зошто – немаат што да кријат

Шетајќи низ улиците на холандските градови, особено во вечерните часови, ќе можете да ѕирнете во туѓите домови и да ја видите нивната внатрешност. За Холанѓаните не е невообичаено, напротив – пожелно е.

Прифатеното објаснување на оваа појава датира од средниот век, од калвинизмот, гранка на протестантизмот, кој налага искрените граѓани да немаат што да кријат, а завесите на прозорците можат да го навестат спротивното. До тоа се придржуваат Холанѓаните, кои веруваат дека слободниот поглед на нивниот дом докажува дека немаат тајни.

zavesi2

Има и приказна дека не ставаат завеси на прозорците затоа што сакаат да им покажат на другите колку се богати, а домот го сметаат за доследна презентација на тоа.

Трендовите во дизајнот на ентериер секако се менуваат, па денес има некои прозорци со завеси, но генерално ова необично правило е останато.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top