Насловна / Архитектура / Во Холандија најголема станбена населба на вода

Во Холандија најголема станбена населба на вода

Петнаесет минути од Амстердам, Waterbuurt во превод „Водена област“ е населба што плови, замрзнува и се навалува над водите на езерото Ајмер. Проектирана од холандската архитект Марлис Ромер, Waterbuurt поставува сцена како решение засновано на вода за современите холандски станбени потреби. Со цел да се прилагоди на приливот на плимата и да се избегне зголемување на популацијата во урбаните центри, Waterbuurt се прилагодува на зголемувањето на нивото на морето и овозможува смиреност далеку од градскиот метеж.

19_resize 1_resize

По завршувањето, 18.000 домови ќе го сочинуваат Waterbuurt, но засега, повеќе од 100 пловат на водата. Куќите, кои се трајно прицврстени и појачани со челичен пилон, потсетуваат на атрактивни бродски контејнери и со изгледот повеќе личат на копнени куќи, отколку на познатите куќи-чамци долж каналите во Амстердам.

14_resize

Секоја пловечка куќа е поврзана со дното на езерото Ајмер, што ги разликува домовите во Waterbuurt од амстердамските чамци. Два столба за прицврстување го закотвуваат секој дом поради оптимална стабилност, а материјалот што се користи за изградба на домовите внимателно е избран, имајќи ја во предвид заштитата на околината и здравјето на езерото Ајмер. Конструирани од дрво, домовите лежат над бетонска подлога, голема водонепропусна комора, со цел да се постигне ниско тежиште, што дополнително ја подобрува стабилноста.

Сите жители имаат индивидуален пристап до бетонските понтони кои ги водат на копно.

4_resize 5_resize

Куќите се конструираат на бродоградилиште 65 километри северно од езерото, карактеристични се по дрвените плочи и големи стаклени отвори, кои ја рефлектираат металната површина на езерото Ајмер. Во проектирањето на домовите овозможена е голема флексибилност за време на фазите на изградба. Идните жители имаат можност за одлучување на која страна претпочитаат поглед или поголема приватност, на која локација на покривот ја замислуваат нивната тераса или градина, па дури и положбата на нивните прозорци.

2_resize 8_resize

Визионерот на акватична архитектура, Коен Олтиус, вели: „Веќе е далеку побезбедно да се живее на вода, особено ако живеете во област каде што често има поплави. Најголемите градови во светот се веќе густо населени, така што цената на метар квадратен рапидно расте, а водата не е толку скапа како земјата “.

13_resize 12_resize

Иако овој проект е практично сè уште во фаза на изградба, некои од вилите се веќе населени. Конструирани на бетонски платформи, пловечките куќи се состојат од лесни челични рамки, дрвени sидови и панели. Кујните и трпезариите се поставени на подигнатото приземје, додека дневната соба и отворената тераса се на горното ниво, а сите куќи меѓусебе се поврзани со канали.

3_resize

15_resize 16_resize 17_resize 6_resize 7_resize 18_resize 20_resize 21_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top