Насловна / Вести / Поставена првата Еко зона во ГТЦ

Поставена првата Еко зона во ГТЦ

Општина Центар и колективниот постапувач „Нула отпад” го продолжуваат проектот за собирање на отпадната електрична и електронска опрема Со цел, да се овозможи локација блиску до граѓаните, поставена е Еко зона во срцето на општината на почетокот на Градски трговски центар (ГТЦ). Овој простор е наменет за оставање на мали електронски уреди и апарати.

„Ова е прва Еко зона  на територијата на општина Центар. Ги повикувам граѓаните на овој начин да се ослободат од опасниот отпад. Со ова директно придонесуваме за здрава животна средина, што е една од главните заложби на мене како градоначалник и на општина Центар. Ние сме секогаш за соработка и поддршка на вакви корисни акции и проекти“, рече градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.

Директорот на ГТЦ Ѓоко Трајчевски ги повика сите стопанственици и сопственици на дуќани во Еко зона  да го складираат малиот електричен и електронски отпад.

„И натаму ќе продолжиме со соработката со градоначалникот и со поставување на ЕКО ЗОНИ на територијата на општина Центар, бидејќи ова е од интерес на граѓаните“,  рече директорот на  колективниот постапувач „Нула отпад“ Марјанчо Дамески.

Електричниот и електронскиот отпад иако навидум делува како нетоксичен отпад, нивното несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање на тешки метали во воздухот, водата и почвата, кои што сериозно делуваат на здравјето на граѓаните и воопшто на квалитетот на животната средина.

Општина Центар, во соработка со колективниот постапувач „Нула отпад“ од Скопје, го продолжува проектот за собирање на отпадната електрична и електронска опрема од домаќинствата „Донеси стар уред и земи ваучер со попуст за нов“.

Проектот започна во 2016 година со акции во урбаните заедници и континуирано се спроведува трета година по ред. На овој начин, Општината ги исполнува законските надлежности согласно Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и спроведува редовно организирано собирање на отпадот од својата територија, соопштија денес од Општина Центар.

Испрати коментар

Scroll To Top