Насловна / Вести / Владата го раскинува договорот за ископ на руда во Казандол

Владата го раскинува договорот за ископ на руда во Казандол

Владата на седница донесе одлука да го раскине договорот за концесија на локалитетот Казандол, поради како што вели премиерот Заев, суштествена повреда на обврските кои произлегуваат од договорот.Kazandol

Заев вели дека концесионерот на Казандол не изградил постројка за експлатација на катоден бакар за да процесира најмалку 50 проценти од извадената руда и поради тоа, договорот се раскинува. Концесијата ја имаше компанијата „Сардич-МЦ“, од февруари 2015 година.

„Правото на компанијата да тужи, секако постои. Ние ги разгледавме сите работи и тука нема што да се одлучува, туку да се постапува според законот“, вели Заев.

Премиерот тврди, здравјето на граѓаните било на прво место.

Испрати коментар

Scroll To Top