Насловна / Вести / Во Германија наскоро во патарините ќе се вклучат и климатските трошоци

Во Германија наскоро во патарините ќе се вклучат и климатските трошоци

Во обид да се усогласи со Директивата за евровињета, Законот за наплата на патарини на сојузните автопатишта во Германија, ќе претрпи сериозни измени. Меѓу клучните измени се воведувањето на CO2 диференцијации за патарини за камиони, чија цел е намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина во секторот сообраќај и постигнување на целите за заштита на климата. Сојузната влада со овој закон се стреми кон речиси двојно повисока патарина за камионите, во зависност од нивните емисии на CO₂.

Според предлогот, тешките комерцијални возила ќе се соочат со CO2 диференцијација во своите патарини најдоцна до 25-ти март 2024 година. Камионите со технички дозволена максимална маса од 3,5 тони и повисока, истоа така ќе бидат вклучени во оваа шема. Климатската доплата за CO2 од 200 евра по тон, ќе биде новата компонента на патарините за емисисии на CO2 во сообраќајот. Се истакнува дека приходот од патарините ќе биде користен за унапредување на инфраструктурата на федералните автопатишта и спроведување на мерки насочени кон сојузната железничка мрежа. Во настојувањето да се намалат емисиите, возилата кои имаат нулта емисија ќе бидат изземени од плаќање патарини до 31-ви декември 2025 година.

maut1

Федералното министерство за дигитална технологија и сообраќај, кое е одговорно за оваа иницијатива, предвидува значителен приход како резултат на воведувањето на шемата за CO2 диференцијација на паратините. Се проценува дека во периодот помеѓу 2024 и 2027 година, вклучувањето на камиони со маса 7,5 тони и повеќе, ќе донесе околу 26,6 милијарди евра дополнителни приходи. Исто така, се очекува дека вклучувањето на камионите со маса 3,5 тони и повеќе ќе донесе 3,9 милијарди евра, од кои 1,8 милијарди евра по основ на CO2 диференцијацијата. Овие измени на Законот за наплата на патарини за сојузните автопатишта, претставуваат значаен чекор кон намалување на емисиите во секторот сообраќај, поттикнување на усвојувањето на зелени алтернативи и финансирање на витални проекти за мобилност.

A

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top