Насловна / Вести / Во Египет започна климатската конференција COP27

Во Египет започна климатската конференција COP27

Во египетскиот туристички центар Sharm El-Sheikh неделава започна климатската конференција на Обединетите нации COP27. После минатогодишното издание на овој самит во Глазгов, кој заврши со млаки пораки и одвај компромисна заедничка декларација, од овогодишната конференција се очекуваат поамбициозни цели.  Од минатат година до денес, светот се најде во нова енергетска криза, а стручњаците заклучија дека досегашните цели на земјите не се доволни за запирање на климатските промени.

cop1

Самитот ќе има четири основни теми. Тие се вртат околу намалување на глобалното загревање, адаптација, финансирање на борбата против климатските промени и меѓународна соработка. COP27 мора да изроди итни и веродостојни заклучоци и да покрене активности за намалување на влијанието на климатските промени, смета генералниот секретар на ОН, Antonio Guterres. Сето тоа мора да се направи со одговорен однос кон финансиите, а земјите од светот би морале да формираат и финансиски механизам за занирање на веќе присутните катастрофални климатски настани. Со тоа би се помогнало на најсиромашните и најранливите земји, а парите главно би доаѓале од најбогатите (G20) земји, кои се и најголеми загадувачи. Токму околу финансиските механизми се очекуваат најголемите расправи, особено поради фактот што целта од 100 милијарди долари годишно за помош на земјите во развој, поставена уште во 2009 година не е исполнета. Конференцијата трае до 18-ти ноември 2022.

cop2

 

Испрати коментар

Scroll To Top