Насловна / Арт и дизајн / Аукција на колекцијата на Пол Ален вредна милијарда долари, парите одат во добротворни цели

Аукција на колекцијата на Пол Ален вредна милијарда долари, парите одат во добротворни цели

Огромната приватна уметничка колекција на покојниот коосновач на „Мајкрософт“, Пол Ален, се очекува да надмине милијарда долари на најголемата аукција во историјата. Сите собрани пари ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

поз

„Позерки“, Жорж Пјер Сера

Колекцијата која содржи повеќе од 150 ремек-дела ги вклучува „Позерките“ на Жорж Пјер Сера и пејзажот „Планината Сен Виктоар“ на Пол Сезан, а се очекува дека двете слики ќе постигнат цена поголема од 100 милиони долари, како и „Брезовата шума“ на Густав Климт, проценета на 90 милиони долари.

сез

„Планината Сен Виктоар“ , Пол Сезан

Целата колекција ќе се продава преку аукциската куќа „Кристи“ во текот на две вечери на 9. и 10. ноември, а покрај споменатите дела содржи и вредни дела од Ботичели, Реноар, Дејвид Хокни, Рој Лихтенштајн, Френсис Бејкон, Лусијан Фројд…

вен

„Канал Гранде во Венеција“ на Едуар Мане од колекцијата на Ален се проценува дека вреди меѓу 45 и 60 милиони долари

Наместо да ја довери работата за формирање колекцијата на професионален купувач на уметнички дела, Ален лично бирал и купувал слики и предмети.

„Кога гледате во слика, гледате во друга земја, во нечија имагинација, како што тие ја виделе“, рекол Ален за својата колекција кога еден нејзин дел беше изложен во 2016 година.

пол

Од „Кристи“ истакнуваат дека продажбата ќе биде „најголемата аукција на уметнички дела во историјата“ и ќе го надмине рекордот на колекцијата „Маклов“, која во мај достигна 922 милиони долари.

Сите пари од аукцијата на колекцијата ќе бидат донирани во хуманитарни цели, во согласност со желбата на Ален, кој почина во 2018 година од компликации предизвикани од Нон Хочкин.

Испрати коментар

Scroll To Top