Насловна / Архитектура / Највисоката зграда од дрво во Австралија

Највисоката зграда од дрво во Австралија

Продолжувајќи го трендот на иновативни дрвени архитектонско-конструктивни решенија, архитектонското биро Bates Smart, го проектираше највисокиот објект од дрво во Австралија. 5 King е објект со 52 метри висина, подигнат во Брисбен и главно наменет за издавање на деловен простор. Покрај неговата висина, збогатен е и со титулата на најголема бруто-површина по кат за објект изграден од дрво во светот.

5-King-Commercial-Corner-Hero-Street-Level
Во спојот на традиција и иновација, Bates Smart го проектираше објектот со посебен осврт на основната човекова потреба да се поврзе со природата и заштита на околината. 5 King е изграден од вкрстено-слепени плочи (ВСП) и лепени ламелирани греди кои заедно прават систем, конструктивно стабилен како челик и бетон, но со значително пониско влијание на екологијата. Објектот е еден од низа на повеќе проекти кои се изработени од дрво последните години во Австралија со што се потврдува заложбата на земјата за еколошки градби со низок степен на загадување на околината како во процесот на изработка на градежниот материјал така и за време на неговата употреба.

5-King_Hero-2
Главниот архитект Philip Vivan го гледа дрвото како градежен материјал за градење на деловни објекти за следната генерација на креативна класа која секако дека ќе обрнува внимание и на нивната благосостојба на работното место.

5-King_Street
Објектот по должината на главната улица, во приземниот дел е пополнет со кафулиња и ресторани кои нудат и кетеринг сервис за сите канцеларии. Стаклената јужна фасада овозможува максимална сончева светлина и топлина во текот на целиот ден со што се заштедува значително на осветлување и загревање на просторот.

25 King_Web_07
Во ентериерот прво се забележува видливиот грандиозен конструктивен систем. Дизајнот на ентериерот соодветствува со изборот на конструктивниот материјал. Сè е во контекст на дрвото. Основната конструкција е проектирана како модуларна мрежа од шест на осум метри лепени ламелирани столбови и хоризонтални и вертикални ВСП кои ја комплетираат конструкцијата. Ентериерот е проектиран со широки отворени простории каде нема големо оптоварување од детали. Естетската вредност на конструкцијата од дрво како природен материјал го збогатува просторот и му дава карактер и содржина.

25 King_Web_10

25 King_Web_09
Покрај сите овие естетски и конструктивни квалитети на дрвото, има еден друг аспект кој треба да се разгледа при избор на конструктивен материјал за градба. Дрвото и новите материјали кои се изработени од дрво заземаат сè поголемо учество во градежниот сектор во светот. Имено дрвото е природен и обновлив ресурс, дрвото во природата функционира како колектор на јаглерод диоксид. При избор на конструктивен материјал треба да се направи анализа за животниот циклус на избраниот материјал (Life Cycle Analysis).

25 King_Web_02

Сите градежни материјали за да се произведат, транспортираат, вградат, употребуваат и да се отстранат користат ресурси и енергија. Тоа секако има влијание на животната околина преку создавање на стакленички гасови. Интересно е што дрвото овој циклус го започнува со негативен степен поради собирање на стакленички гасови во текот на неговиот живот (carbon sink).

170214-55-King-St-V05-Commercial-R01

Додека другите материјали како бетон или челик покрај тоа што не се обновливи ресурси, за нивно производство се консумира многу поголемо количество на енергија и следствено има поголема емисија на стакленички гасови. Секако дека оваа анализа е валидна само доколку дрвото како ресурс се експлоатира плански и одговорно.
Анализата на животниот циклус (LCA) на овој објект покажува намалување на емисијата на стакленички гасови за 22 отсто во текот на употребата на објектот споредбено со избор на материјали како бетон или челик. Исто така е интересно да се напомене и дека материјалите од дрво се и многу полесни (20 отсто помала тежина), високиот степен на префабрикување на елементите гарантира брзина на градење на објектот. Сите овие бенефити водат кон намалување на трошоците за градба.

ef4fc7c8-4107-4a1a-b138-9b8727e7a240

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top