Насловна / Вести / Во анкета за животната средина, David Attenborough е прогласен за највлијателна личност

Во анкета за животната средина, David Attenborough е прогласен за највлијателна личност

David Attenborough, 93 годишен продуцент и еколошки активист во анкета за испитување на влијанието кое познатите личности го имаат кога станува збор за заштитата на животната средина, е убедливо на првото место со 87%. Испитаниците требало да одговорат на едноставно прашање -„која позната личност сметаат дека најмногу може да направи за спас на природата?“ Интересно е дека прворангираниот воопшто не ја користи социјалната мрежа Twitter, додека Барак Обама кого го следат 112, 9 милиони корисници на Twitter заврши на деветото место на оваа листа. Основачот на Tesla, Elon Musk е второпласиран благодарение на своите иновации во автомобилската индустрија, но и енергетиката. третата позната личност според пласманот е  Neil deGrasse Tyson. Овој астрофизичар, која ја приближува науката и природните феномени до широката публика, добил 72%. Познатата водителка  Oprah Winfrey и глумецот  Leonardo DiCaprio, делат рејтинг од  57 %. Минатата година DiCaprio и музичарот Manu Chao помогнаа во заштитата на животната средина и во нашиот регион. Имено, тие ја поддржаа борбата на граѓаните од Србија и Албанија против изградбата на малите хидроцентрали.

celebrities2

celebrities3

maxresdefault (2)

 

Испрати коментар

Scroll To Top