Насловна / Архитектура / Четири меѓусебно поврзани футуристички кули

Четири меѓусебно поврзани футуристички кули

Zaha Hadid Architects (ZHA) добија задача да ја проектираат новата зграда на седиштето на кинескиот производител на паметни телефони Oppo. Имено, оваа компанија со својот проект победи на меѓународниот архитектонски конкурс, на кој земаа учество познати имиња како Skidmore, Owings & Merrill, Rogers Stirk Harbor + Partners, Henning Larsen Architects и Bjarke Ingels Group. Проектот вклучува четири меѓусебно поврзани кули. Се планира изградбата да започне оваа година, а комплетното завршување е закажано за 2025 година. ва здание со футуристички изглед ќе достигнува височина од 200m, и ќе биде лоцирано во Шенџен. Ќе се простира на 185.000 квадратни метри и ќе вклучува две кули со флексибилен, отворен простор поврзани со 20-катно вертикално предворје и две „сервисни“ кули кои пружаат вертикална циркулација. Нивната ороентација овзможува прекрасен поглед на заливот, а ќе биде воспоставена и директна врска со мрежата на подземната железница. Планирани се и уметничка галерија, продавници, ресторани и други содржини. Проектот ќе аплицира за  LEED Gold сертификат.  За таа цел ќе се оди кон максимално искористување на природната светлина и воведување на систем за управување со енергија.

zhaoppo1

zhaoppo2

zhaoppo3

zhaoppo4

zhaoppo5

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top