Насловна / Архитектура / Владина делегација во Париз во обид Охрид да не го загуби статусот на заштитено светско наследство

Владина делегација во Париз во обид Охрид да не го загуби статусот на заштитено светско наследство

Делегација на Владата, предводена од заменик-претседателот Александар Николоски и шест министри и градоначалници, престојува во дводневна работна посета на Париз.

Во рамки на посетата, делегацијата ќе оствари средби со високи претставници на УНЕСКО, вклучително и со генерален директор и претседатели на комитети, за да ја потенцира посветеноста на зачувување на природното и културното наследство на Охридскиот регион.

Владата ќе ги претстави преземените мерки и напорите за спроведување на препораките од реактивните мисии и стратегискиот план за рехабилитација.

Лани УНЕСКО го одложи впишувањето на регионот на листата на загрозени светски наследства, но со услов Северна Македонија да исполни конкретни мерки до февруари 2026 година.

Амандманот на македонската делегација им овозможи на властите дополнително време да достават извештај за заштита.

Испрати коментар

Scroll To Top