Насловна / Вести / Затворањето на рудникот за јаглен „Велење“, ќе ја чини Словенија над една милијарда евра

Затворањето на рудникот за јаглен „Велење“, ќе ја чини Словенија над една милијарда евра

Словенечкиот парламент усвои закон за постепено затворање на последниот рудник за јаглен во земјата, „Велење“ (Premogovnik Velenje).  За наредните дваесет години, предвидени се вложувања од вкупно 1.13 милијарди евра во работи на затворање на рудникот, санација на земјиштето и праведна транзиција за рударите. Законот пропишува експлоатацијата на јаглен во Велење да заврши најдоцна во 2033 година, додека активностите на затворањето постепено ќе се спроведуваат до 2045 година.

Планираниот буџет од 1,13 милијарди евра, односно во просек околу 50 милиони евра годишно, е предвиден за периодот од 2026 до 2045 година. За да се искористат тие средства, компанијата која управува со рудникот најпрво мора да обезбеди сопствени средства од работењето и од продажба на имот кој не е поврзан со основната дејност, бидејќи државниот буџет ќе ја покрие само разликата која ќе недостасува. Детални програми за постепено затворање на рудникот ќе бидат подготвувани секоја година за наредните две години. Конечното затворање на компанијата која управува со рудникот е планирана за 2045 година. Владата на Словенија, минатата година стартуваше со процес на напуштање на јагленот, со превземање на директна сопственост над рудникот „Велење“ и  термоелектраната на јаглен „Шоштањ“, од државната електроенергетска компанија Holding Slovenske elektrarne (HSE).

Бидејќи средствата кои се предвидени со овој закон се сметаат за државна помош, пред стапувањето на сила потребно е одобрение од страна на Европската комисија. Примената на законот се очекува од 01.07.2026 година. Што се однесува до вработените во рудникот, не се очекуваат поголеми отпуштања во наредниот период, имајќи ги во предвид обемните работи на затварањето, кои ќе опфатат санација на над 50 километри тунели, затварање на окната и рекултивација на над 1.100 хектари земјиште. Намето тоа, се очекува работната сила да се намалува превенствено со природен одлив на вработените. Но, со цел да се обезбеди праведна енергетска транзиција за вишокот рудари, законот предвидува мерки како што се предвремено пензионирање, поголеми отпремнини и програми за обуки и преквалификации.

 

Испрати коментар

Scroll To Top