Насловна / Вести / Виена – сигурна дестинација и во време на пандемија

Виена – сигурна дестинација и во време на пандемија

Порталот за патувања European Best Destinations ја рангира Виена меѓу најсигурните туристички дестинации кога станува збор за актуелната пандемија. „Високите стандарди по прашањето на безбедноста и хигиената ја позиционираат Виена веќе со години меѓу омилените туристички дестинации“ велат одговорните за туризам на Град Виена. „Виена во текот на целата година е посетена од туристи кои бараат сигурна и мирна дестинација. Стапката на кривични дела во австриската престолнина е три пати пониска од сите други главни градови во Европа. Со бројни паркови и еколошки превозни средства, Виена е град со најдобар квалитет на живот во Европа и претставува вистински компромис и за љубителите на урбаните дестинации и за љубителите на природата“ велат надлежните. Во почетокот на јуни, започната е кампањата „Пат околу светот во Виена„ наменета за идните туристи од Австрија, Германија и Швајцарија.

vienna3

wien1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top