Насловна / Архитектура / Маркантен станбен објект во заштитен лондонски кварт

Маркантен станбен објект во заштитен лондонски кварт

Проектот на зградата наречена IV Castel Lane Аpartments, потпишана од проектантското биро NAME architecture, со седиште во Лондон и Париз, претставува нов станбен концепт на високо домување во Вестминстер, престижна област во Лондон, која е под заштита.

London
Имено, инвеститорот на проектот „Land Securities“ имал идеја во еден блок да обедини зграда со 28 станови и три градски куќи на вкупно 4.600 метри квадратни.
Со оглед на тоа што блокот се наоѓа на две улици, од кои едната ја карактеризираат блокови со големи викторијански вили, додека другата е со традиционални лондонски куќи, требало внимателно да се пристапи кон дизајнот, за да се добие кохерентна и унифицирана шема, пишуваат архитектите за ArchDaily.

London1
Карактерот на архитектурата на комплексот секако го даваат фасадните стаклени површини, кои архитектите ги решиле во тесна соработка со експерти од компанијата Arup. Материјализацијата на фасадата во камен изградила врска со околината, додека застаклените форми визуелно создале карактеристична и модерна фасада.

London2
Заоблените стаклени површини и даваат на зградата скулпторски изглед, а промената на конкавна и конвексна кривина го игра предметот кон уличниот фронт. Исто така, на овој начин се создава „полу-лебдечки“ внатрешен простор, кој создава посебна атмосфера во ентериерот.
Во комплексот има и низа одржливи и енергетски ефикасни системи, како што се зелените покриви и соларните панели, за да се обезбеди енергија за функционирање на објектот, но и пријатен живот за станарите.
Проектот исто така бара детални преговори со заинтересираните станари, со цел да се создаде програмска шема што соодветно ќе одговори на постојниот чувствителен урбан контекст.

London3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top