Насловна / Вести / Виена: Квалитетот на воздухот во 2020 година најдобар досега

Виена: Квалитетот на воздухот во 2020 година најдобар досега

Квалитетот на воздухот во Виена се мери на 17 локации. Резултатите за минатата година покажуваат најниско ниво на PM честички и азотен диоксид (NO2) во историјата на мерењата. Веќе во 2019 година, концентрацијата на штетни гасови во австриската престолнина била пониска отколку во претходните години, и во рамките на дозволените гранични вредности. Минатата година, одбележена со пандемијата, а со самото тоа и намалување на движењето и сообраќајот, квалитетот на воздухот е значително подобар од 2019 година.

За исклучително добриот квалитет на воздухот во Виена придонесуваат различните мерки за заштита на животната средина, како континуираното ширење на мрежата и квалитетот на јавниот превоз, поттикнување на електричната мобилност, еколошки прифатливо греење и сл. Дека оваа стратегија дава резултати, сведочи и податокот дека измерените вредности на PM четички се преполовени во однос на 2003 година.

viena1

viena2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top