Насловна / Архитектура / Kонкурс за идејно решение за општинска зграда во Аеродром

Kонкурс за идејно решение за општинска зграда во Аеродром

Општина Аеродром, Скопје објави меѓународен анонимен конкурс за избор на идејно архитектонско решение за проектирање на управна (општинска) зграда.

Покрај задолжителните критериуми за проектирање соодветни работни простории, како и простории за прием на граѓани, во конкурсот се бара да се предвидат и современи технологии на градење со материјали и решенија што ќе овозможат висок степен на енергетска ефикасност.

Право на учество на конкурсот имаат правни и физички лица од областа на архитектурата, а крајниот рок за предавање на трудовите е први март.

Оценувањето на трудовите ќе го врши стручно жири, а Општината ќе додели и парични награди за најдоброто решение: 300 000, 100 000 и 50 000 денари.

Сите заинтересирани можат да конкурираат на следниот линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx?fbclid=IwAR3sovidEGrQyIooGKR66ucq-sBUppquYyW-6Fqhfd09K9kUR14ZB-AEtEY#/dossie/1c0a9f5e-1bbd-45b0-9b57-52b7b6f7a65c/6

aer

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top