Насловна / Вести / Вештачката интелигенција во индустријата – трката веќе започна

Вештачката интелигенција во индустријата – трката веќе започна

Доколку Германија до 2025 година се насочи во развој на вештачката интелигенција, би можела да има повисок БДП за 488 милијарди евра, доносно 13% повеќе отколку оваа година. До овие показатели дошла консултантската куќа Arthur D. Little, по налог на германското здружение за интернет стопанство. Најголем дел од оваа сума, односно околу 330 милијарди евра, би бил остварен преку заштеди во производството. Остатокот е заработка на новите производи кои се базирани токму на примената на вештачката интелигенција.

Меѓутоа, засега вештачката интелигенција автономно извршува само 1% од сите активности. Ретки се случаите кога машините реализираат некој процес од почеток до крај, како на пример во целосно автоматизирани складишта. Во ова истражување на консултантската куќа биле испитани 150 веќе познати или само можни случаи на примена на вештачката интелигенција. За Германија, како индустриски развиена земја, во областа на производството и логистиката, вештачката интелигенција може да даде одлични резултати – предупредување за дефекти, повисока продуктивност, пониски трошоци за транспорт.

Авторите на истражувањето сметаат дека до 2025 година би требало да се инвестираат 70-80 милијарди евра во преструктуирање, за што се предлага формирање на еден државен технолошки фонд, со истовремено поголемо вложување во образованието и науката.

AI1

AI2

AI3

AI4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top