Насловна / Арт и дизајн / Денес изложба „Африка во Македонија“

Денес изложба „Африка во Македонија“

Денес, 28 ноември во 20 часот во изложбените сали на Музејот на Република Северна Македонија свечено ќе биде отворена изложбата „Африка во Македонија“.
Од Музејот велат дека изложбата е од единствен карактер бидејќи за прв пат на едно место се прикажува исконската поврзаност помеѓу Македонија и Африка, која започнува во предисторијата и трае до денес.
Во рамки на изложбата ќе бидат презентирани повеќе археолошки, етнолошки и уметнички експонати, како и архивски материјали што ги истакнуваат културните, историските, религиските и политичките врски помеѓу овие навидум далечни простори.

африка
Автори на изложбата се доц. д-р Гоце Наумов и проф. д-р Никос Чаусидис. Таа се реализира во соработка помеѓу Музеј на Република Северна Македонија и Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија, Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, Музеј на град Скопје, Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола и Национална установа Стоби. На изложбата исто така ќе бидат претставени повеќе африкански ракотворби и фотографии од личните колекции на Мирослав Масин, Роберт Смилески, Јасмина Никуљска, Петар Јовановски, Кристина Бицева, Билјана Јурукоски, Филип Кондовски и Скопскиот џез фестивал.
Изложбата првично беше најавена за 30 октомври, но беше одложена откако министерот за култура го разреши поранешниот директор на Музејот на Северна Македонија, Гордан Николов.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top