Насловна / Вести / А – интегрирана еколошка дозвола за АДИНГ

А – интегрирана еколошка дозвола за АДИНГ

ading-foto
Компанијата АДИНГ доби А – интегрирана еколошка дозвола за усогласување со оперативен план, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија.

Добивањето на А – интегрирана еколошка дозвола е резултат на усовршувањето и модернизацијата на производството, како и примената на строгите еколошки стандарди што се компатибилни со стандардите на Европската Унија.

АДИНГ е македонска компанија за производство на хемиски материјали за градежништвото, основана во 1969 година, со 45 годишно искуство, извозно ориентирана во повеќе од 13 држави во светот. Како докажана општествено одговорна компанија, еден од приоритетите на менаџментот е грижата за животната средина, кој е втемелен во деловната политика на АДИНГ.

Испрати коментар

Scroll To Top