Насловна / Вести / Велосипедска патека од рециклирана пластика во Холандија

Велосипедска патека од рециклирана пластика во Холандија

Во градот Zvole, еден од најзелените градови во Холандија, неодамна беше пуштена во употреба нова велосипедска патека од отфрлени пластични производи, кои подоцна поминале низ процес на рециклирање. Производството користело стари пластични шишиња, пивски чаши кои се користеле на концерти, козметичка амбалажа и пластичен мебел. Рециклираната пластика претставува 70 отсто од материјалот што се користи за поставување на 30 метри долга патека.

reciklirana-plastika-biciklisticka-staza-gradnja-1

Иако овој пристап се чини доста иновативен, вистината е дека патеката за холандските велосипедисти не е изготвена со ваков проект. Во Холандија е направен и асфалтот од рециклирана пластика која претставува 60 отсто од материјалот и е многу потежок од класичниот асфалт.

reciklirana-plastika-biciklisticka-staza-gradnja-3-782x522

Сепак, велосипедскиот проект се разликува по тоа што е направен од лесно префабрикувани делови и потоа се склопуваат на самото место. Ова значи дека истата патека може да се склопи било каде во светот за само неколку дена.

reciklirana-plastika-biciklisticka-staza-gradnja-2-782x522

Патеката од рециклирана пластика носи со себе одредени предности, како што се собирање на дождовница или зголемена безбедност од поплави. Исто така, самата патека може да се рециклира и затоа лесно се заменува еднаш кога е оштетена.

reciklirana-plastika-biciklisticka-staza-gradnja-6

Технологијата е развиена од Wavin, а другите учесници во проектот се Mexichem, KWS и компанијата Total Energy. Проектот се уште е во пилот фаза и, ако се покаже успешен, раководството на градот најавува изградба на нови патеки по истиот принцип.

reciklirana-plastika-biciklisticka-staza-gradnja-4

Компаниите кои учествуваат во проектот моментално бараат локации каде што би можеле да тестираат и други функции на вакви патеки, како што се потенцијалните места за паркирање, нуркачките платформи и тротоарите.

reciklirana-plastika-biciklisticka-staza-gradnja-5

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top