Насловна / Арт и дизајн / ВЕКТОР ПРО, со нов имресивен салон за сигурносни врати и пвц столарија

ВЕКТОР ПРО, со нов имресивен салон за сигурносни врати и пвц столарија

ВЕКТОР ПРО е домашна компанија и македонски бренд специјализиран за производство на СИГУРНОСНИ ВРАТИ, како и застапник и увозник на висококвалитена енергетско ефикасна ПВЦ СТОЛАРИЈА од светски познатиот производител VEKA. На 16 јуни во присуство на своите деловни партнери, соработници и клиенти, свечено се отвори новиот салон на ул.Варшавска бр.1 во зградата на Настел, Тафталиџе. NO1_3689 (Medium) Изложбениот салон е одлично уреден и е лесно достапен, со изложбен простор од околу 100  метри квадратни во кои клиентите можат да ги погледнат изложените 30-тина производи. Тука се прозорските системи со класично отварање,  до оние кои ги исполнуваат строгите барања на пасивните објекти, како и системи за лизгање – подигачко лизгачки системи кои се одликуваат со минималистички дизајн и супериорни карактеристики. Сите овие типови на системи се достапни во основната бела боја, но и со новата SPECTRAL технологија на VEKA со можност за боја по избор со ултра мат површина.

Секако тука може да се погледне и широк избор на влезни сигурносни врати за куќи или станови, кои покрај основната функција се дизајнирани да го оплеменат просторот и да дадат сосема нова димензија на сечиј дом. ВЕКТОР ПРО со идејата за овој простор настојува да ги доближи и стави на дофат сите свои адути со кои настапува на пазарот и на едно место да ја има речиси целата понуда „во прво лице”. DSC_2172 (Medium)

Желбата, довербата, барањата и потребите на клиентите претставува централна ориентација и главен фокус на ВЕКТОР ПРО. Флексибилноста и кастомизираните решенија на дел од производите е силната страна на овој бренд, што ги прави лесно прилагодливи на индивидуалните барања на нивните клиенти. Притоа, компанијата ги почитува  барањата во однос на контролирано и квалитетно производство, навремена услуга и постпродажен сеопфатен сервис.

NO1_3707 (Medium)

Производите  кои може да се погледнат во салонот се пвц производи изработени од системски профил на германскиот бренд VEKA, светски распространети и со повеќе од 50 години традиција, иновации и успешно работење. Додека сигурносните врати се комплетно сопствен производ и технологија на ВЕКТОР ПРО, што ги прави особено горди и задоволни.

Долгите години успешно работење на пазарот е резултат и микс на взаемна доверба, почит, пријателски негуван однос со клиентите и добавувачите и општествено одговорен однос кон заедницата. Од тука, целта на новотворениот салон е да се создаде место и простор каде ќе се пресретнат решенијата на ВЕКТОР ПРО и барањата на клиентите.

Секогаш кога имате нов проект,  правите реконструкција на стар објект или  градите  нов објект, посетете го салонот, а таму ќе најдете специјализиран тим за поддршка на клиенти, секогаш подготвен да го најде технички најдоброто решение. NO1_3738 (Medium)

NO1_3719 (Medium)

1IMG-2ca674027906ee3c8ad1657dc3115f93-V (Medium)

Вектор про Дооел Скопје

Aдреса: ул.Варшавска бр.1 во зградата на Настел Тафталиџе

Контакт салон: 02 3063 050

Контакт мобилен: 075 406 566

Viber/Whatsapp: +389 75 406 566

e-mail: info@vektorpro.com  www.vektorpro.com

(Комерцијален текст)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top