Насловна / Вести / Важен чекор кон декарбонизација на градежништвото: Финците ќе прават јаглеродно неутрален бетон

Важен чекор кон декарбонизација на градежништвото: Финците ќе прават јаглеродно неутрален бетон

Производството на бетон во голема мера придонесува за зголемување на емисиите на јаглерод диоксид, па се повеќе истражувања се обидуваат ова да го сменат. Еден од оние кои ги истражуваат негативните ефекти на карбонизацијата е Финскиот центар за технички истражувања VTT. Благодарение на карбонизацијата, бетонот со време апсорбира јаглерод диоксид, поради што може да дојде до корозија на челичната арматура. Токму овој проблем истражувачите се обидуваат да го претворат во предност, па се обиделе да направат бетон со негативна содржина на јаглерод. Нивната намера била преку експерименти да утврдат како функционира јаглерод диоксидот во бетонот, како се формираат карбоалуминати за да се замени цементот и да се намали емисијата на јаглерод.

carbonneg1

Во почетокот тие барале адекватна нискојаглеродна врска и утврдиле дека шљаката од челикот од индустриските високи печки, после карбонизацијата може да се користи во бетонот како замена за цементот. Со цел овој концепт добро да функционира, додале уште состојки меѓу кои и био-пепел. Во намерата да го комерцијализираат овој проект направиле пилот систем за карбонизација и го поставиле во контејнер покрај фабриката во Финска. Системот го врзувал јаглеродот во префабрикуваниот бетон, а сопственикот ан погонот подоцна ја искористил оваа технологија за да постави плочи со негативна содржина на јаглерод во дворот на едно градилиште.

carbonneg2

Во оваа фаза од истражувањата, научниците докажале дека нивната технологија ја намалува емисијата на јаглерод на бетонот за 45%. Благодарение на замената на портланд цементот со шљака, јаглеродниот отпечаток на нивните производи е намален на  -60kg/m3, додека тој кај стандардниот бетон изнесува околу 250-300kg/m3. Тоа значи дека покрај намалувањето на емисите на јаглерод од бетонот, ваквите производи во текот на својот животен век ќе задржуваат повеќе јаглерод отколку што емитуваат. Следниот чекор во производството на бетон со негативна содржина на јаглерод е изградба на индустриска пилот производна линија, која ќе биде прва на светот од таков вид. Изградбата ќе чини 1,8 милиони евра.

 

Испрати коментар

Scroll To Top