Насловна / Арт и дизајн / Ужасите на колонијализмот преку уметност во Гана (ВИДЕО)

Ужасите на колонијализмот преку уметност во Гана (ВИДЕО)

Уметникот од Гана Кваме Акото-Бамфо создава скулптури на робови за да пренесе некои од ужасите што африканските луѓе ги доживеале во текот на повеќе од 400 години евро-американски колонијализам.

5

Со својот последен проект истакнал скулптури во езеро во спомен на сите кои се удавиле при насилно транспортирање преку Атлантскиот океан. Со овој проект наречен „Предок“, Кваме ги прикажува Африканците кои биле затворани, киднапирани и принудени да бидат робови на евро-американскиот империјалистички систем.

1

Користејќи ја древната аканска традиција за создавање портрети на мртвите, Акото-Бамфо сака да им покаже на луѓето колку голема била нивната заедница пред ропството. Проектот „Предок“ настојува со употреба на уметност и перформанси да го зајакне, образува и промовира интересот на младите за африканското наследство.

3

2

4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top