Насловна / Вести / Утре на Стенковец обуки за летање со беспилотни летала за луѓе со попреченост

Утре на Стенковец обуки за летање со беспилотни летала за луѓе со попреченост

Утре, 23 јули 2022 година на Спортскиот аеродром Стенковец ќе се одржи обука за летање со беспилотни летала за луѓе со попреченост.

Обуката е во организација на Здружение на лицата со параплегија и квадриплегија „Без Ограничувања“ и Аероклубот Скопје.

dron

Организаторите соопштуваат:

„Летањето радио-командувани беспилотни летала е спорт во кој треба вешто да летате и не  бара мускулна сила туку фокус, рефлекси, добро око и вежбање.

Овој вид на вежбање ги подобрува когнитивните вештини и менталната сила и е многу корисен за деца/луѓе со интелектуална или физичка попреченост.

Идејата е инструкторите на Аероклубот да ги научат лицата со попреченост да летаат со дронови, да покажат дека можат и да ги поттикне да се занимаваат со овој спорт.

Настанот не е ограничен единствено на лица со попреченост, бидејќи нашата цел и мотив е комплетно вклучување на сите заинтересирани во овие спортски активности.

Настанот е од отворен тип и не е потребна претходна најава за присуство“.

Агенда

9:00                      Пристигнување на учесниците

9:00 – 10:00        Основи на управување на дрон (теорија и пракса)

10:00 -11:00       Различни дисциплини во летањето дронови

11:00-12:00         Летање различни дронови

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top