Насловна / Вести / Утре изложба по повод 150 години македонски железници – Добредојде во Скопје

Утре изложба по повод 150 години македонски железници – Добредојде во Скопје

По повод одбележувањето на 150 години македонски железници, во Музејот на град Скопје ќе биде отворена изложбата „ДОБРЕДОЈДЕ ВО СКОПЈЕ“. Изложбата ја следи историјата на железниците од нивната појава во светот, развојот на железниците во Македонија, со посебен акцент на железниците во Скопје, почнувајќи од 1873 година сè до денес. Изложбата е збогатена со ambient I витрини во кои се поставени музејски предмети од фондот на Музејот на град Скопје. Автор на изложбата е Зоја Богдановска, кустос советник историчар. Изложбата ќе биде отворена на 12 април во 19:30 часот.

z

Испрати коментар

Scroll To Top