Насловна / Архитектура / Утре доделување на Големата годишна награда на ААМ за 2021

Утре доделување на Големата годишна награда на ААМ за 2021

Утре со почеток од 19:00 часот во Музеј на Град Скопје ќе се одржи свеченоста по повод доделувањето на Големата годишна награда за 2021 година за реализирано дело од областа на архитектурата, која ја доделува Асоцијацијата на Aрхитекти на Македонија (ААМ) под покровителство на Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Ова македонско признание за архитектонско достигнување, традиционално и со сите почести се доделува секоја година и претставува афирмација на архитектурата во нашата земја.

По пат на јавен повик се пријавуваат авторски дела – реализирани архитектонски објекти, од кои стручна Комисија врши селекција и најдоброто дело, кое отсликува квалитетно архитектонско творештво го одбира како првонаградено. Победникот, како и секоја година ќе биде прогласен на настанот утре.

аам

Испрати коментар

Scroll To Top