Насловна / Вести / Успешен историски лет во вселената – Ричард Бренсон го исполни својот сон

Успешен историски лет во вселената – Ричард Бренсон го исполни својот сон

Суперорбиталниот лет на ракетниот авион на британскиот бизнисмен сер Ричард Бренсон, кој поради лошите временски услови доцнеше, е успешно реализиран. Ракетниот авион „Вирџин галактика“ достигна височина која ја дели Земјата од вселената. Британскиот милијардер е еден од петте членови на екипажот, заедно со двајца пилоти, кои го тестираа леталото „Јунити“ на неговиот прв лет со екипаж. Кратко се вклучи во преносот на настанот во живо и рече дека „погледот е фантастичен“. Тој и честиташе на екипата на успехот во оваа мисија.

brenson1

Првично било планирано да полетаат од Њу Мексико околу 14 часот, но летот е одложен поради лошите временски услови е поместен за 16.30 часот. Летот траел нешто подолго од еден час. Бренсон рекол дека сака да биде меѓу првите кои ќе го доживее ова, пред да започне со организација на комерцијалните летови следната година. Заинтересираните можеа да го следат настанот во живо преку Твитер, Фејсбук и Јутјуб.

brenson2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top