Насловна / Вести / Скопје испадна од трката за Зелена престолнина на Европа, а Софија е во финалето

Скопје испадна од трката за Зелена престолнина на Европа, а Софија е во финалето

Скопје, Белград и Загреб испаднаа од трката за Зелена престолнина на Европа за 2023 година, додека Софија влезе во финалето на ова натпреварување. Софија се најде во финалето заедно со уште три града – Хелсинборг (Шведска), Краков (Полска) и Талин (Естонија). Освен Белград, Загреб и Скопје, од понатамошното натпреварување испаднале и Каљари (Италија), Даблин (Ирска), Газиантеп (Турција), Гдањск (Полска), Измир (Турција), Кошице (Словачка), Логроњо (Шпанија), Жешов (Полска) и Варшава (Полска).

Четирите финалисти, во завршната фаза од натпреварувањето ќе имаат задача да го убедат меѓународното жири дека се сериозно посветени на одржливиот урбан развој и дека имаат капацитет да бидат пример за другите градови, стои во соопштението на Генералниот директорат за животна средина на Европската комисија.

EGC20231

Победникот ќе биде прогласен на церемонијата на доделување на наградата 9-ти септември во финскиот град Лахти, кој ја носи титулата Зелена престолнина на Европа за 2021 година. Наградата Зелена престолнина на европа се доделува од 2008 година, со цел градовите со над 100. 000 жители да се поттикнат да бидат позелени, поздрави и поодржливи места за живот. Досега наградата ја добиле 13 градови, меѓу кои е и Љубљана, која ја освои оваа титула за 2016 година. Гренобл во Франција е Зелена престолнина на Европа за 2022 година.

EGC20233

Паралелно со наградата Зелена престолнина на Европа за 2023 година, ќе биде врачена и наградата Европски зелен лист за 2022 година. Со оваа награда, која се доделува на градовите кои имаат помеѓу 20.000 и 100.000 жители, се оддава признание за посветеноста во унапредувањето и еколошката ситуација, со посебен нагласок на напорите да се обезбеди зелен развој и работни места. За наградата за 2022 година, во потесен избор влегле шест кандидати.

 

Еден коментар

  1. Хаха Ха

    Лакрдија!
    Зарем некој доволно бил наивен да се надева дека ќе исполаже и некои што не се македонци…
    Шо не пробале Охрид да го кандидираат за „бисер“ на убавината, ај да речеме на фестивал на езерото Комо, Гарда или Маџоре! – или па во конкуренција со некое швајцарско езеро, шведско, финско. НИШТО нема во Северна што го нема далеку поубаво било каде на светот. ЕДИНСТВЕНО сме прво во играње оро, (фолклор) и можеби 4-ти 5-ти во добра храна. И толку. Се` дурго е распад и растур во истата.

Испрати коментар

Scroll To Top