Насловна / Градежништво / Уште еден шопинг центар во Скопје

Уште еден шопинг центар во Скопје

емпорио-бизнис-центар-во-скопје_2_resize

Емпорио бизнис центарот е планиран да биде завршен во 2016 години и ќе претставува современ и модерен шопинг и деловен центар. Објектот ќе биде со површина од 15 илјади метри квадратни, а ќе биде лоциран на дел од реонскиот парк на општината и ќе се протега до главната улица Ѓорче Петров.емпорио-бизнис-центар-во-скопје_1_resize

Административно – деловната зграда е поделена на два дела. На општината Ѓорче Петров и припаѓаат 3600 метри квадратни, додека на компанијата Трансмет ДОО Скопје - 11400 метри квадратни. Емпорио бизнис центарот ќе се гради според принципот на јавно-приватно партнерство помеѓу општината Ѓорче Петров и градежната компанија Трансмет. Во рамките на зградата, која ќе биде на 5 спрата, ќе биде изграден подземен паркинг на две нивоа со вкупно 350 паркинг места. Се планира објектот да опфаќа 60% шопинг простор и 40% деловен простор.

емпорио-бизнис-центар-во-скопје_3_resize

Проектот е планиран да биде завршен во 2016 година.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top