Насловна / Градежништво / Најсовремен центар за обука на пилоти во регионот

Најсовремен центар за обука на пилоти во регионот

современ центар за пилоти во македонија_3_resize
Македонија го доби најсовремениот центар за обука на пилоти во регионот.
Најмодерен систем за симулација, како и неколку хеликоптери и авиони се дел од центарот кој пред себе ја има задачата, обука на нови и усовршување на веќе постоечките пилоти.

Современ Центар за обука на пилоти, единствен од ваков вид во југоисточна Европа, отворен е денес во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец.

Центарот го градеше македонската влада и Министерството за одбрана заедно со израелската компанија „Елбит“.

Македонија со ова за прв пат во делот на одбраната доби исклучително технолошки напреден комплекс , којшто ќе овозможи брз развиток на Армијата во делот на обука на пилоти.современ центар за пилоти во македонија_1_resize

Проектот има многу добри димензии кои практично овозможуваат едно нормално функционирање на Центарот. Се протега на 13.000 метри квадратни, во рамки на објектот има четири модули, а тоа е модул за овозможување на теоретска и практична настава на слушателите, модул кој значи практична обука за летање, модул којшто го покрива делот за одржување и сервисирање на хеликоптерите и модул за стимулатори за МИ-24 и МИ-17.

Суштината на овој проект не е само да продуцира пилоти за Министерството за одбрана, туку има една цивилна димензија, а тоа е да обучува пилоти за севкупна употреба на Република Македонија и од цивилен и од воен дел.

современ центар за пилоти во македонија_4

На свеченото отворање денеска присуствуваа претседателот и врховен командант Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски, министри, како и идните пилоти.

Груевски информираше дека со јавното партнерство со „Елбит системи”, македонската влада е должни да вложиме 43 милиони евра, додека „Елбит” треба да изведе обука на 52 пилоти, да купи четири хеликоптери и да изгради најсовремен центар за обука на пилоти.

„Соработката на Македонија со „Елбит системи” од Израел започна уште пред 10 години за денеска заеднички да го реализираме овој проект кој не само што е од големо значење за Македонија, туку и за регионот. Според анализите кои ги направивме имавме две можности. Едната беше да плаќаме скапи обуки во странство, а другата да изградиме свој центар во кој ние ќе обучуваме кадри. Ние се одлучивме за втората можност, изјави Груевски.современ центар за пилоти во македонија_2_resize

Дека Центарот за обука на пилоти е единствен и најсовремен во Југоисточна Европа покажува и фактот што е промовиран во НАТО, од каде што е одговорено дека ги исполнува највисоките стандари.

Дополнителен бенефит за Армијата а воедно и државата е тоа што во овој  центар можност за обука ќе добијат и пилоти од другите држави во регионот и Европа.

Испрати коментар

Scroll To Top