Насловна / Градежништво / Почна реконструкцијата на пругата Куманово-Бељаковце

Почна реконструкцијата на пругата Куманово-Бељаковце


пруга куманово бељаковце
Од Клечовскиот мост, Кумановско, почнаа активностите за реализирање на проектот „Реконструкција на Коридор 8, делница Куманово-Бељаковце“. Денеска беше поставен камен-темелникот на правата фаза од проектот, со вкупна инвестиција од околу 50 милиони евра.

Железничката делница од Куманово до Бељаковце е со должина од 30,8 километри и е прва од трите делници на пругата од меѓународниот железнички Коридор 8 која треба да ја поврзе Македонија со Бугарија

На свеченоста присуствуваа премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Зоран Страврески, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, како и претставници на железниците и на ЕБРД.

Најголемиот дел од пругите во Македонија се направени пред повеќе од сто години за време на отоманската империја. Како за пример, железничката пруга Скопје – Гевгелија е изградена 1873 година, а железничката пруга од Скопје до Табановце во 1887. Од тогаш па наваму, многу малку е инвестирано во изградбата и рехабилитацијата на железничката инфраструктура во нашата држава, рече Груевски.

Првата фаза од овој проект изнесува околу 46 милиони евра, втората 145 милиони евра, а за третата фаза ќе се користат средства од Европската банка за обнова и развој, од Европската инвестициона банка и од ИПА-фондовите на ЕУ.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top