Насловна / Арт и дизајн / Урбани топоними на скопските места

Урбани топоними на скопските места

Центарот за современа уметност – Скопје (CAC) и Општина Центар вчера ги промовираа урбано скулптуралните инсталации насловени „Урбани топоними – акции“, чија цел ее зачувување на спомените на градот . Идејата на овој проект е да ги означи значајните урбани топоними (микролокации) во Општина Центар кои за помладите генерации скопјани, но и за многу граѓани од цела Македонија кои се доселени во Скопје се целосна непознаница, а за Скопје и одредени генерации скопјани претставуваат значајни места на кои се темели ориентацијата низ центарот на градот. Во рамките на оваа акција поставени се 4 скулптурални инсталации на специфични скопски локации: Рекорд, Стар ловец, Маџир Маало и Скопското корзо. На секоја од овие локации е поставена по една урбана инсталација која го збогатува и го објаснува локалниот контекст низ визуелниот приказ на уметноста и табла со текст кој низ урбани наративи ја објаснуваат акцијата и локацијата и нејзиното значење за градот.

нико
На промоцијата присуствуваа, уметниците, претставникот на САС, Никола Писарев и градоначалникот на општината Саша Богдановиќ.

Во рамки на акцијата уметниците ги изработија делата:

Андреј Митевски – Срце, за просторот на локацијата Рекорд

1

Screenshot_2

Љубиша Камењаров – Ловец/Волчко, за просторот кај Стар ловец

7

6

Александар Наумовски – Гулаби, за просторот во Маџир Маало

4

5

Андреј Миневски – Корзо, за просторот на Корзо (Парк на Франкофонија)

3

2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top