Насловна / Арт и дизајн / Уметноста во метро станиците на Ташкент

Уметноста во метро станиците на Ташкент

Откако ова лето е тргната забраната за фотографирање во метрото на Ташкент, фотографот Амос Чапл е еден од првите кој ја открива уметноста и архитектурата на најстарото метро во централна Азија. До јуни 2018 фотографирањето било забрането поради специфичната секундарна улога на метро станиците – атомско засолниште. Космонавтлар станицата е  позната  по  портретите на  космонаутите, од кои еден е посветен на Валентина Терешкова, првата жена во вселената.

kosmotlavar

Tereskova

Керамичките ѕидни панели чии нијанси се менуваат  од светло сина до црна ја имитираат Земјината атмосфера. Станицата Пактакор ја украсуваат бројни мозаици. Еден од нив прикажува цветови памук. Узбекистан е едан од водечките светски производители на памук. Станицата Ташкент е украсена со бројни керамички мурали.

taskent metro1

dzamija

Од друга страна, станицата Алишер Навој со високите сводови и специфичната архитектура потсетува на џамија.  Станицата Гафур Кулом го добила името  по узбекистански интелектуалец. Во текот на советската власт, инженерите чекале популацијата во градот да надмине еден милион за да се започне изградбата на метро, а условот се исполнил во почетокот на 60-тите години. Имињата на многу станици се променети по распадот на СССР.  Така некогашната станица Октомвриска револуција е преименувана во  Амир Темур.

amir temur2

Amir temur

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top