Насловна / Вести / Улично осветлување направено од градежно скеле за Олимпиското село во Париз

Улично осветлување направено од градежно скеле за Олимпиското село во Париз

Во пресрет на летните Олимписки игри, кои годинава ќе се одржат во Париз, поставени се 350 улични светилки по идеја на дизајнерските студија Concepto и Studio 5.5… кои не се нарачани од каталог.

Имено, проектот за осветлување е дел од шемата што ја надгледува извршното тело за Олимписките игри, со цел намалување на емисиите на јаглерод диоксид за дури 47%, во споредба со конвенционалните проекти.

Пејзажните архитекти од Agence TER, која беше одговорна за планирање на јавните простори во Олимпиското село, соработувала со Studio 5.5 за да креираат шема за материјали со ниска содржина на јаглерод за предметните простори, вклучувајќи улично осветлување и уличен мебел, пишува TechZone.

Спроведувајќи ја оваа агенда за одржлив дизајн во пракса, уличното осветлување е дизајнирано на начин со користење на отфрлени столбови за расвета и компоненти од градилишта како што се скелиња.

„Полесно е да се одредите за производ од каталог, но бидејќи ја добивме оваа шанса сакавме да дадеме пример за поинакво размислување“.

Со рециклирање до одржливост

Фирмата за дизајнирање осветлување Concepto била задолжена да го креира планот за осветлување на селото, што вклучувало дефинирање на локациите и ориентацијата на секоја од вкупно 350-те светилки, со цел да се обезбеди соодветно осветлување каде што е потребно.

„Столбовите за осветлување обично бараат голема инвестиција за калапи и прилагодено производство, што исто така го чини одржувањето скапо. Сакавме да ја максимизираме повторната употреба, истовремено обезбедувајќи одржливост“.

Столбовите за осветлување создадени за Олимпиското село се разликуваат по форма, големина и конструкција, при што највисоките примероци се направени целосно од рециклиран галванизиран челик, додека пократките се направени од ламинирани дрвени столбови.

Скеле како носач за LED светилка

Секоја улична светилка има и држач направен од рециклирани скелиња, носејчи еден или два енергетски ефикасни LED извори на светлина.

Попречните елементи се поставени под агол за соодветно да ја насочуваат светлината, инсталирани се доволно високо за да се избегнат крошните на дрвјата и да се овозможи поминување на високи возила како што се автобуси и противпожарни возила.

На места кои бараат дополнително осветлување за пешаците, се поставен е втор извор на светлина на долниот крај на попречниот дел. Ова овозможило да се намали вкупниот број на светилки што требало да се произведат.

Овие 350 столбови за осветлување ќе останат на истите места и по Олимписките игри.

Испрати коментар

Scroll To Top